Анчелоти: Јовиќ е добар играч, заслужи да се зборува за него, Бензема нема да игра со Интер

Реал Мадрид се зацврсти на првото место во шпанската лига, благодарение на резервата Лука Јовиќ кој имаше асистенција и гол на гостувањето кај Реал Сосиедад кој тимот од главниот град го доби со 2-0.

Лоша вест за најтрофејниот клуб е што се повреди капитенот и нивен најдобар играч, Карим Бензема. Французинот утре би требало да знае точно каква повреда има, но тренерот Карло Анчелоти рече дека Карим сигурно нема да игра во вторник против Интер, кога Реал треба да се бори за првото место во групата во ЛШ. Следниот викенд на Реал му претстои градско дерби против Атлетико, но Анчелоти засега не го отпишува Бензема.

Додека го нема Бензема, во Реал не треба да бидат загрижени, ако Јовиќ игра како синоќа и ако Винисиус продолжи да ги малтретира противничките одбрани. Анчелоти направи чудо со младиот Бразилец кој стана машина за голови, а сега под принуда му даде шанса и на Србинот кој покажа дека има квалитет.

„Винисиус е одличен, но на Лука му припаѓаат заслугите за победата, му честитав после мечот. Тој заслужува да игра повеќе. Имам и други играчи кои заслужуваат поголема минутажа“ – вели Анчелоти кој ретко ротира и можеби заморот на Бензема придонесе за мускулната повреда.

- Оглас -

Најнови вести