Анчелоти: Се надевам дека Милан ќе ја освои титулата во Италија

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти, кој работи како тренер на англискиот премиерлигаш Евертон, ја искоментира трката за Скудетото во Серија А во неговата родна земја. Таму Интер е на „пол-позиција“, а ако вечерва Интер ја совлада Парма, ќе побегне на 6 бода во однос на Милан, кој е втор. На Анчелоти во срцето му е Милан, за којшто играше во славните сезони од 1987 до 1992, а тренер беше од 2001 до 2009.

„Се надевам дека Милан ќе стане шампион, иако ќе биде тешко. Интер добро се држи на врвот. Се плашам дека мојот пријател Антонио Конте не се согласува со мене околу оваа моја желба“, рече Анчелоти, кој како тренер на Милан освои една титула во лигата и две титули во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести