Анчелоти се расплака, но не поради поразот на Евертон од Лидс (Видео)

Лидс за кој македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра цел меч, приреди изненадување со победата од 1-0 на гостувањето кај Евертон. Ова беше меч на кој двата тима упатија речиси 40 шута кон головите, а падна само еден погодок. Стрелец на единствениот гол беше Рафиња во 79-та минута.

Пред почетокот на натпреварот, екипите аплаудираа во чест на покојниот Диего Марадона, а тие моменти најемотивно ги доживеа тренерот на Карамелите, Карло Анчелоти.

Анчелоти како играч на Милан, играше 11 пати против Марадона во времето кога Аргентинецот беше во Наполи, и не можеше да ги запре солзите.

https://twitter.com/i/status/1332744461894381569

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести