Андерсен објави дури 400 навредливи пораки, само еден човек му се извини (Фото)

Јоаким Андерсен објави околу 400 пораки што му биле испратени по инцидентот со Дарвин Нуњес, кога играчот на Ливерпул беше исклучен, а фудбалерот на Кристал палас успеа да го испровоцира Уругваецот да го удри со глава.

Ливерпул остана со 10-мина играчи и не победи, а навивачите на англискиот гигант беа бесни, најмногу на Андерсен, кого го сметаат за провокатор и главен виновник во инцидентот, иако тој не удри, туку беше удрен.

Му испраќаа пораки со омраза, дури и смртни закани, а Андерсен не се исплаши, напротив објави околу 400 пораки со кои е навредуван вербално, а само еден човек му се извини.

„Јас сум страстен навивач на Ливерпул и збеснав по исклучувањето на Нуњес. Да, во налет на нервоза го навредив Андерсен, но знам дека не е виновен и му се извинувам“, изјави за данската ТВ2 еден од навивачите на Ливерпул од Данска.

Интересно е што и Андерсен е Данец, но клупската страст за фудбал не признава сонародници, релации, потекло од иста земја.

 

- Оглас -

Најнови вести