Андонова со Барселона ја напаѓа империјата на Лион во Лигатa на шампионите

Наташа Андонова ќе го игра првото финале во Лигата на шампионите со Барселона, денеска од 18 часот против актуелниот европски првак Лион.

На стадионот на Ференцварош во Будимпешта, Андонова има шанса да биде првата македонска фудбалерка со европска круна, но предизвикот е тежок и голем.

Треба да се најде победнички рецепт за да се урне империјата од Франција, екипата на Лион која доминира во Лигата на шампионите.

Француските претставнички имаат вкупно пет титули во ЛШ, а трите последни пехари од луксузното натпреварување завршија во нивните витрини. И денеска се големи фаворити според коефициените.

Во Sport Life победата на Лион е со коефициент од 1.32, дека ќе има реми, односно продолженија квотата е 4.45, а радост за Андонова и круна за Барселона во првото нивно клупско финале во ЛШ е со коефициент 9.50.

Со евентуална победа денеска во финалето Барселона ќе биде првиот спортски фудбалски колектив што ги освоил трофеите во ЛШ и во машка и во женска конкуренција.

 

 

- Оглас -

Најнови вести