Ангеловски: МАКЕДОНИЈО, радувај се и слави ги овие херои!

Игор Ангеловски, селекторот на Македонија, апсолутно беше пресреќен по историскиот подвиг против големата Германија. Ангеловски ја споделува победата до целиот македонски народ, а се надева дека конечно светот ќе разбере за каков тим станува збор кој веќе пет години ја радува целата нација.

Популарниот Мрме се пофали и за честитките од Лев за успешното раководење со кормилото на Рисовите.

„Момците уште еднаш ја направија горда Македонија. Победивме против четирикратен светски првак, трикратен европски шампион. Урнавме дваесетгодишна традиција без пораз. Кој, ако не тие да ја урнат традицијата? Тие се нашите херои, тоа се нашите фудбалери кои ја кренаа целата нација на нозе. Македонијо, радувај се и слави ги овие херои. Никогаш не сме победиле толку трофејна селекција. Среќен сум што работам со фудбалери како што се овие, големи честитки до нив. Пандев најави чудо, а кој верува во тоа, може и да го оствари“, истакна Ангеловски, па додаде:

„Сега мора да одмориме, бидејќи уште не сме свесни што направивме. Ова е триумф за сите, но и за оние кои им го донесовме овој успех, да разберат што сторивме. И оние кои нè критикуваа нека се радуваат на овој усопех. Ако еден Јоаким Лев ти честита за петгодишната работа, тогаш се надевам дека и останатите ќе се свестат што направивме и за каков тим се работи. Оваа победа е и за целиот народ“, истакна селекторот Ангеловски.

- Оглас -

Најнови вести