Ангеловски во А тимот дополнително повика играч кој е роден во Хрватска

Агрон Руфати се пресели од младинската во сениорската репрезентација на Македонија. Фудбалерот кој е роден во Хрватска, а од неодамна е член на украинска Зорја, поради жолти картони нема право на настап за младинците (У-21) на дуелот со Израел, па селекторот Игор Ангеловски го повика во сениорскиот национален тим.

Освен Руфати, дополнително се повикани и Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар, како и дефанзивецот на Македонија Ѓ.П., Томе Китановски.

Поради повреда од комбинација за настап во А репрезентацијата на дуелот со Грузија в среда отпаднаа Бејтулаи, Адеми, Тошевски, а поради жолти картони ќе го немаме во составот и Енис Барди. Ферхан Хасани, исто така, нема да настапи против Грузија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести