Англичаните ќе го поместат претпоследното коло во Премиер лигата за да има публика на трибините

Англичаните размислуваат за интересна одлука да го поместат претпоследното коло во Премиер лигата што треба да се игра во сабота на 15 мај за да го фатат рокот по кој ќе може да има публика на трибините.

Објавено е дека забраната за присуство на навивачи на мечевите од најсилната англиска лига ќе биде симната на 17 мај, во понеделник, и веројатно е дека колото ќе биде пролонгирано за 18 мај, вторник, или за следниот ден.

Засега се знае дека ќе биде дозволено да има најмногу по 10.000 луѓе на поголемите стадиони, или четвртина од капацитетот на помалите арени, а сигурно е дека последното 38-мо коло закажано за 23 мај ќе се игра со публика.

Сега е сè поизвесно дека и во претпоследното коло ќе се играат натпревари со присуство на навивачи на трибините за да има завршен спектакл во една од најсилните лиги на светот.

Само 20-тина дена подоцна ќе почне Европското првенство, а и тоа, според најавите од УЕФА, ќе се игра само во Англија, што би можело и да биде тест со две кола со присуство на публика на трибините во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести