Англичаните не сакаат да победуваат лесно, Линекер бара нов систем на квалификации

Легендарниот англиски фудбалер Гери Линекер, кој беше прв стрелец на Мундијалот во 1986 година, сега работи како коментатор на Би-Би-Си, и огорчен е од актуелниот формат на квалификации, а дава и предлог како тој да се промени.

Некогашинот голгетер на Лестер, Тотенхем и Барселона, смета дека најслабите селекции во Европа не би требало да имаат автоматско место во квалификациите, туку предлага тие да играат претквалификации.

Репрезентацијата на Англија синоќа против Сан Марино, за 17 минути даде три гола, и тоа не му се допадна на Линекер, бидејќи мечот бил пример оти малите репрезентации се „топовско месо“ и на големите им служат за подобрување на гол-разликата .

„Ова беше толку лесно за Англија, што стана бесмислено. Јасно е дека најлошо рангираните репрезентации, треба да играат квалификации за квалификации, пред некоја од нив да се избори за право на настап во главните квалификации. Вака групите, и самите квалификации, се бесмислени“ – порача Линекер.

Во времето кога Линекер беше играч, земји како Андора и Сан Марино, не беа членки на УЕФА и не играа квалификации. Најлошо рангирани селекции во Европа се Сан Марино, Гибралтар, Лихтенштајн, Молдавија и Малта.

- Оглас -

Најнови вести