Англиски рагбист веќе три месеци се води како исчезнат, потрагата води до сомалиски мафијаши

Англискиот рагбист Леви Дејвис (24) веќе три месеци се води како исчезнат, полицијата не знае каде е, а медиумите шпекулираат дека тој ѝ должи голема сума пари на мафијата.

Според англиските и шпанските медиуми, Дејвис исчезнал во Барселона пред три месеци. Тој водел бурен ноќен живот во Англија, а наводно должел 100.000 фунти на сомалиска мафија и поради неа избегал во Шпанија и оттогаш му се губи секоја трага.

Неговото семејство најмило приватен детектив да го пронајде Дејвис, но нема голем напредок во истрагата. Тоа што досега се знае е дека наводно неговиот пасош бил пронајден во близина на пристаниште во Барселона, поради што се појавија шпекулаци дека Дејвис се удавил. Но, неговото тело не е пронајдено.

- Оглас -

Најнови вести