Англискиот рагбист Леви Дејвис (24) веќе три месеци се води како исчезнат, полицијата не знае каде е, а медиумите шпекулираат дека тој ѝ должи голема сума пари на мафијата.
Според англиските и шпанските медиуми, Дејвис исчезнал во Барселона пред три месеци. Тој водел бурен ноќен живот во Англија, а наводно должел 100.000 фунти на сомалиска мафија и поради неа избегал во Шпанија и оттогаш му се губи секоја трага.
Неговото семејство најмило приватен детектив да го пронајде Дејвис, но нема голем напредок во истрагата. Тоа што досега се знае е дека наводно неговиот пасош бил пронајден во близина на пристаниште во Барселона, поради што се појавија шпекулаци дека Дејвис се удавил. Но, неговото тело не е пронајдено.