Англиски третолигаш му одговори на фан на Манчестер: Ние барем дадовме гол на „Енфилд“!

Еден навивач на Манчестер јунајтед разочаран од изданието на неговиот тим на гостувањето кај Ливерпул, искоментира дека Црвените ѓаволи на „Енфилд“ личеле на Шрусбери таун.

На почетокот на годинава, третолигашот Шрусбери таун му гостуваше на Ливерпул во ФА купот и загуби со 1-4. Од клубот се најдоа засегнати од коментарот на „Твитер“, па на навивачот кој ги потцени, брутално му вратија: „Ние оваа сезона дадовме гол на ‘Енфилд’, а вие?“

- Оглас -

Најнови вести