Анонимен Бразилец е лидер во трката за Златна копачка

Килијан Мбапе, Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо, Хари Кејн и останатите најдобри голгетери во Европа засега се далеку назад во трката за титулата најдобар стрелец на Стариот Континент. Од топ 5 лигите, само Мбапе и Емилијано Сала од Нант се блиску до врвот, но сезоната трае долго и полека, но сигурно и останатите ѕвезди ќе се најдат на врвот и околу него.

Првото место во моментов го држи Бразилецот Лилиу, кој играше за естонски Калју и даде 31 гол. Во Естонија, секој гол носи еден поен во листата за Златната копачка. Зад 28-годишниот Лилиу се Закарија Бегларишвили од Флора Талин, а трети е Паулињо од Хекен.

Во минатата сезона, прв стрелец беше Меси, кој засега има 11 гола во шпанската лига, а тоа се 22 поени. Мбапе има 12 гола во Франција и 24 поени, тој е на делба на осмото место, па само прашање на време е кога Лилиу ќе биде симнат од тронот бидејќи неговиот учинок ќе остане 31, со оглед на тоа дека естонската лига заврши пред еден месец.

Кристијано Роналдо има 10 гола и 20 поени, на делба на 24-тото место, заедно со повеќе познати имиња, како: Луис Суарес, Алкасер, Кавани, Обамејанг, Имобиле, Аспас, Јовиќ, Салах. Во македонската лига по 11 гола имаат Бесарт Ибраими од Шкендија и Влатко Стојановски од Ренова, но тие се далеку од конкуренцијата бидејќи секој гол носи само еден поен.

- Оглас -

Најнови вести