Ансу Фати, напаѓачот на Барселона, ја одбил можноста да се пресели во тим од Саудиска Арабија во последниот ден од трансфер-периодот.
Името на фудбалерот беше предмет на постојани шпекулации во јануари, иако неколкупати Ханси Флик изјави дека Фати не сака да замине.
Саудискиот Ал-Шабаб испратил понуда во вредност од 10 + 5 милиони евра, но понудата била одбиена и од клубот и од фудбалерот.
Фати има одиграно само осум натпревари од почетокот на сезоната за Барселона, од кои само еден како стартер. Сепак, и покрај тоа упорно ја одбиваше секоја можност да замине во друг клуб оваа зима.