Антонели доминантно до победа, Хамилтон и Ферстапен од третиот ред до подиум во Канада

Кими Антонели ја забележа и четвртата победа по ред, откако триумфираше на трката за ГН на Канада. Мерцедес доминираше и на оваа трка, но Расел мораше да се откаже поради проблеми со болидот, иако до тој момент и двајцата водеа голема битка за врвот.

Променливото време во Канада донесе и различна тактика на екипата, некои ја погодија, но некои комплетно потфрлија, а тоа донесе изненадувачки подиум на второто и третото место.

Хамилтон од петтата стартна позиција стигна до второто место, а Ферстапен беше веднаш до него на стартот, а на крајот заврши како трет.

Во бодови завршија уште и Леклер, Хаџер, Колапинто, Гисли, Сајнц и Берман.

- Оглас -

Најнови вести