Аплауз по говорот на Бошко Ѓуровски на комеморацијата за Шекуларац

Бошко Ѓуровски во емотивното излагање на комеморацијата посветена на Драгослав Шекуларац потсети колкава трага остави човекот кој беше роден во Штип, а потоа ги замоли присутните да станат на нозе и со долг аплауз да го поздрават покојниот Шеки.

„Во Ѕвезда нè учеа на тренерите да им персираме, но денеска јас ќе му се обратам со прекарот. Имав чест да ме тренираш. Фудбалот за тебе беше едноставен. Благодарение на Шеки, јас и татко ми станавме навивачи на Црвена ѕвезда. Во клубот имаше многу мајстори, џентлмени, генијалци, кобри, но никој не беше како Шеки. Во фудбалот, дриблингот е сè, а тој беше најдобар во овој елемент“, порача Ѓуровски, кој пред 30 и неколку години беше трениран од Шекуларац.

Шекуларац почина во саботата на 82-годишна возраст. Денеска во клупските простории на Ѕвезда имаше многу легенди и познати навивачи на ривалскиот Партизан. Смртта ги спои Дуле Савиќ и Бјековиќ, Пижон и Моца, Пантелиќ и Крстајиќ, Човиќ и Дачиќ. Една од најинтересните анегдоти за Шекуларац е моментот кога „кралот на фудбалот“ Пеле откако видел како дрибла Шеки, го прашал дали е Бразилец?

- Оглас -

Најнови вести