Одбојкарските машки репрезентации на Грција и Македонија во моментов во Глифада играат дуел од Европската лига, а пред натпреварот, додека се интонираа химките, грчката публика коректно се однесуваше кон „Денес над Македонија“.
Во салата во Глифада која е населба во Атина, додека се интонираше химната се слушаа само македонските одбојкари и малкуте наши навивачи како ја пејат, а на крај грчката публика ги поздрави со аплауз.

