Апсолутно заслужено: Трент избран за најдобар млад играч во Премиер лигата

Трент Александер-Арнолд ја доби наградата за најдобар млад играч во Премиер лигата за сезоната 2019/20. Десниот бек на Ливерпул беше меѓу клучните адути на Јирген Клоп во походот кон шампионската титула, па сосема заслужено го добива признанието.

Трент ги одигра сите 38 лигашки натпревари, во кои 13 пати намести гол, а мрежите ги тресеше во четири наврати. Бројката од 13 асистенции е рекордна во Премиер лигата кога станува збор за бекови. Беше втор најдобар асистент зад ѕвездата на Манчестер сити Кевин де Бројне, а успеа во неколку наврати да украде воздишки со мајсторски слободни удари.

Во 38-те меча, Трент 12 пати му помогна на Ливерпул да сочува гол, што дополнително го потврдува неговото влијание во одбраната, еднакво како во нападите на Црвените.

- Оглас -

Најнови вести