Арапските навивачи се хит: Саудијците прашуваа каде е Меси, сега Иранците го бараат „исчезнатиот“ Бејл (Видео)

„Каде е Бејл?“ е најчестото прашање кое го поставуваа сеирџиски настроените ирански навивачи после победата на нивната селекција на Велс.

Иранците беа во еуфорија после триумфот кој ги донесе на чекор од осминафинале на Светското првенство, а не пропуштија шанса да се шегуваат на сметка на Бејл и да прашаат каде е најдобриот велшки фудбалер.

Ова е како надоврзување на навивачот на Саудиска Арабија кој стана хит во светот откако на телевизија прашуваше „Каде е Меси?“ и „го бараше наоколу“, после победата над Аргентина.

https://youtu.be/OFdF_x5tiCs

- Оглас -

Најнови вести