Арбитарот кој беше критикуван по дербито Јунајтед – ПСЖ, избран за најдобар во 2020 година

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика, го избра Даниеле Орсато за најдобар судија за 2020 година. Италијанскиот арбитар ја делеше правдата во финалето од Лигата на шампионите минатата сезона, во кое Баерн Минхен со триумфот над ПСЖ стигна до шестата европска титула.

Овој 45-годишен арбитар минатата недела беше доста критикуван за својата арбитража во дербито меѓу Манчестер јунајтед и ПСЖ, кое припадна со 1-3 во корист на Светците, меѓутоа тоа не му попречи во изборот да ја добие престижната награда.

Лани за најдобар судија беше избран Дамир Скомина, додека рекорер во ова категорија е легендарниот Перлуиџи Колина со шест одличја.

- Оглас -

Најнови вести