Аргентина и Колумбија ќе играат на стадион на кој фали една трибина!

На претстојната Копа Америка, неколку натпревари ќе се играат и на арената „Фонте нова“ во градот Салвадор, а овој стадион има чудна архитектура, има три трибини, додека позади едниот гол наместо трибина, има празен простор.

Стадионот има 48.000 седишта, беше домаќин и на средби од Мундијалот во 2014 година, а прв меч од првенството на Јужна Америка кој ќе се игра таму е саботното дерби помеѓу Аргентина и Колумбија. Дали немањето трибина зад голот ќе им пречи и ќе ги деконцентрира фудбалските мајстори како Лионел Меси и Хамес Родригес, останува да се види.

За време на СП, на празниот простор имаше монтажна трибина со 8.000 седишта, а сега ќе нема такво нешто. За утеха, сега играчите ќе имаат природна вентилација и ќе може да ја гледаат надворешноста, и езерце со скулптури кое е една од атракциите во градот. Позитивно е што на овој стадион на СП паднаа 24 гола на 6 меча, просек од четири по меч.

 

- Оглас -

Најнови вести