Аргентина останува на патот на одбрана на светската титула откако со голем превсрт од 0-2 до 3-2 го победи Египет во осминафиналето.
Гаучосите првпат добија меч на СП на којшто губеле со 0-2, а тој резултат беше до 79-тата минута. Тогаш само за пет минути Лионел Меси со асистенција и гол донесе 2-2 и Фараоните психички паднаа, нивната одбрана се распадна. Снемаа сила, што се виде и во 90-тата минута, кога Енцо Фернандес го постигна победничкиот гол.
Аргентина не дозволи првпат да биде елиминирана од африканска селекција, покажа карактер и сега ќе чека да види дали во четвртфиналето ќе се сретне со Колумбија или Швајцарија. Меси утна пенал и за малку ќе беше трагичар, но не дозволи вечерва да заврши неговата мундијалска кариера.

