Аргентина во продолженијата се спаси да не го доживее најголемиот шок во 96 години од постоењето на Мундијалите (Видео)

Актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Аргентина се намачи и дури по продолженија стигна до победа од 3:2 во дуелот со селекцијата на Зеленортски острови. Трикратниот светски првак беше апсолутен фаворит во дуелот со дебитантот на Мундијалите, но на теренот, Зеленортски острови покажа дека има состав да направи дури да парира и против една Аргентина.

Мечот започна како што многумина очекуваа, па Аргентина поведе со 1:0, со погодокот на Лионел Меси. За Меси ова беше седми погодок на турнирот, вкупно 20-ти гол на Светските првенства и може да го видите ТУКА.

Во второто полувреме Зеленортски острови изненадувачки израмни на 1:1 со погодокот на Дуарте во 59 минута. Аргентина потоа се обидуваше да стигне до втор погодок, но резултатот по 90 минути остана нерешен, па мораше да се играат дополнителни 30 минути.

Само што започнаа продолженијата, Мартинез погоди за 2:1 за Аргентина, но Зеленортски острови не се предадоа. Во 103 минута Лопес Кабрал го постигна еден од најубавите голови на турнирот и повторно израмни, овојпат на 2:2.

Малку фалеше Зеленортски острови да извади нерешено против Аргентина и да игра на пенали, но Боргес во 111 минута си даде автогол и тука заврши сонот на еден од најдобрите дебитанти во историјата на Светските првенства.

- Оглас -

Најнови вести