Аргентинскиот голман е спремен за вечерва, си направи нова фризура

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез ја обои косата во боите на националното знаме пред натпреварот од 16-финалето на Светското првенство во 2026 година против Зеленортските острови.

Голманот претходно ја обои косата во боите на Аргентина и за време на Светското првенство во 2022 година и Копа Америка во 2024 година.

Натпреварот помеѓу Аргентина и Зеленортски острови започнува на полноќ, а популарниот Дибу верува дека фризурата со аргентинското знаме ќе му донесе среќа и дека нема да прими гол. Интересно е дека Мартинез истото го направи и на СП 2022 пред осминафиналето со Австралија, а и сега е можно Аргентина во осминафиналето да игра со Австралија. 

- Оглас -

Најнови вести