Аргентинците со мотив плус на младинската Копа Америка (Видео)

Репрезентацијата на Аргентина за фудбалери до 20 години е на добар пат да освои златен медал на Младинското првенство на Јужна Америка, а сега имаат и мотив плус да го освојат трофејот, тоа е да му ја посветат на покојниот сонародник и колега Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа.

Селекторот Фернандо Батиста во име на тимот изрази сочувство до семејството на Сала и рече дека пласманот на СП му го посветуваат нему.

Вчера, на шампионатот кој се одржува во Чиле, Аргентина го победи Уругвај со 2-1 и обезбеди место на претстојното Светско првенство во Полска. Анибал Морено беше стрелец на првиот гол за Аргентина, а тоа беше погодок кој треба да се види:

- Оглас -

Најнови вести