Армани Милано ја расипа забавата на Будуќност во Подгорица

Будуќност со пораз од Армани Милано при конечни 82-71, ја стартуваше сезоната во Евролигата. Шампионот на АБА чекаше 15 години да се врати во европската елита, а гостите од Италија беа решени да ја расипат забавата во Подгорица.

Тимот на Милано уште во првиот период оствари двофицрена предност (22-11), која ја чуваа во текот на речиси целата средба. Во обид да се вратат во игра, кошаркарите на Будуќност пружија отпор во третиот период, па ја намалија негативата на само три поени разлика при резулатат од 52-49 во корист за гостите. Во одлучувачката четвртина, Армани повторно избега на +12, а со три тројки во низа од страна на Будуќност, средбата повторно беше неизвесна на две минути до крајот, меѓутоа тоа не беше доволно да се направи комплетен пресврт во завршницата.

За домаќините најефикасен беше Ерл Кларк со 22 поени, а Едвин Џексон беше вториот играч на Будуќност забележа 11 поени. Во победничкиот состав на Армани, се истакна Владимир Мицов со 15 поени, 14 додаде Немања Недовиќ, а со 13 поени заврши Мајк Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести