Армани не се шегува, во Милано падна големиот Фенер

Армани Милано дојде до третиот триумф по четири меча во Евролигата совладувајќи го тимот на Фенербахче со конечни 87:74. Избраниците на Еторе Месина одиграа одлична партија против еден од фаворитите за континенталната титула, и така им го нанесоа третиот пораз и додадоа уште еден проблем за стратегот Жељко Обрадовиќ.

Домаќините најголем дел од работата завршија во првата четврина која ја добија со 20-11, за со +12 да заминат на паузата против големиот Фенер. Де Коло како да се потроши против Басконија кога постигна 39 поени во претходното коло,  па сега имаше скромни четири поени од игра и шест погодени слободни фрлања.

Чачо Родригес ги предводеше Манекените со 19 поени и пет асистенции, Гудаитис додаде 17 кошеви, додека кај поразените Ловерњ со 14 поени беше најефикасен играч.

А ктуелниот првак ЦСКА Москва немаше проблеми на гостувањето кај Алба Берлин и славеше со 82:66 продолжувајќи ја перфектната низа на четири победи. Претходно Жалгирис Каунас беше сигурен против Лион – Вилербан при конечни 70:56, додека Басконија му го нанесе третиот пораз на Олимпијакос со конечни 82:66..

- Оглас -

Најнови вести