Поранешниот менаџер на Арсенал, а сега шеф за глобален развој во ФИФА, легендарниот француски фудбалски стручњак Арсен Венгер, направи своја мини-анализа на Светското првенство.
„Ако го анализирате Светското првенство 2026, треба да видите дека се игра со темпо што би требало да можете да го поднесете. На пример: сите азиски тимови беа елиминирани затоа што не можеа да се справат со интензивниот и брз фудбал. Исто така, им недостасуваат технички вештини. Мислам дека Франција ќе биде шампион, ќе речете дека така велам бидејќи сум Французин. Шпанија е вистинска енигма за мене во моментов. Ако некој тим е способен да ја победи Франција, би рекол дека тоа е Шпанија. Тие имаат повисоко ниво на технички вештини од Франција и култура на колективен фудбал што е неспоредлива никаде во светот. Тоа може да биде пресудно, но Франција е физички посилна“, рече експертот.
Шпанија ќе игра против Белгија во четвртфиналето, а Франција ќе се соочи со Мароко. Доколку Франција и Шпанија ги поминат своите противници, ќе играат меѓусебно во полуфиналето.

