Арсенал гази, Белерин си сади: Приклучете се, ќе победуваме сè до крајот (Фото)

Ектор Белерин и Арсенал нанижаа три победи по ред во Премиер лигата и една во ФА купот, па сега бекот на Топчиите го чека многу работа, откако неодамна најави дека за секој триумф ќе сади по 3.000 дрвја.

Многумина се потсмеваа дури и фаќаа сеир, најмногу поради лошата форма на Арсенал, но како што тоа често се случува, среќата му се насмевна на Белерин, па тој и соиграчите играат одлично во последно време и редат победи.

„Првата тура расад е насадена. Кој сака може да се приклучи бидејќи Арсенал ќе продолжи да победува и ќе имаме многу работа“, објави шпанскиот бек на социјалните мрежи.

Белерин има и интернет-страница https://bellerintrees.raisely.com/ на која секој што сака, може да донира за да ја поткрепи акцијата за зазеленување што ја почна познатиот Топчија.

Арсенал има уште пет меча до крајот на сезоната во Премиер лигата, а го чека и полуфинале во националниот Куп на Англија против Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести