Арсенал го продава Лаказет, веќе му е најдена замена

Арсенал го стави на продажба напаѓачот Александр Лаказет, кој по крајот на сезоната ќе влезе во последната година од договорот со Топчиите.

Менаџерот Микел Артета ќе го освежува нападот со нов француски голгетер, станува збор за Одсон Едуар, кој игра за Селтик и е меѓу најдобрите фудбалери во шкотскиот шампионат.

Лаказет од летото 2017 година е член на Топчиите и досега запиша 59 погодоци на 157 меча во сите натпреварувања. Неговата моментална цена на пазарот е околу 35 милиони евра, а Монако се истакна како главен кандидат за потписот на некогашниот голгетер на Лион.

Доколку ја добие посакуваната сума за продажба на Лаказет, Арсенал целата ќе ја искористи за потписот на шест години помладиот Едуар.

- Оглас -

Најнови вести