Арсенал победи и сруши една лоша традиција која траеше шест години

Арсенал со 3:1 го победи Лестер на стадионот „Кинг Пауер“ и се реваншираше за поразот од пред четири месеци кога Лисиците славеа во Лондон. Почетокот на дуелот не ветуваше многу за Арсенал, затоа Лестер поведе со голот на Тилеманс по само шест минути игра.

Топчиите не се откажаа и со два гола во финишот на првиот дел направија целосен пресврт. Најпрво Давид Луиз погоди за 1:1 во 39 минута, а потоа Лаказет од пенал во 45+2 донесе предност за гостите. Сите надежи на домаќините дека може да се спасат од пораз беа срушени на почетокот на вториот дел кога Пепе го постигна и третиот гол за Арсенал.

Арсенал имаше речиси целосна контрола на мечот кој се играше вкупно 102 минути, ако се знае дека првиот дел имаше продолжување од пет минути, а во второто полувреме судиското надополнување изнесуваше дури седум минути. Лондонскиот тим со овој триумф стигна до 37 бодови и полека се доближува кон Топ 6, додека Лестер остана на 49 бодови и е трет на табелата.

За Арсенал ова беше прва гостинска победа на тим кој бил во Топ 3 на табелата по пауза од шест години. Последен пат Топчиите на гости кај клуб што бил во Топ 3 на табелата било во јануари 2015 година кај Манчестер сити кога се радуваа со 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести