Арсенал цели 17 сезони немал ваков подвиг против градскиот ривал

Арсенал го победи Челзи на гости минимално со 1:0 во меч на кој уште еднаш се покажа дека тимот кој многу повеќе напаѓа, не значи дека треба да победи. Топчиите искористија една грешка на домашната одбрана и со голот на Смит Ров поведоа во 16 минута, а потоа успешно се бранеа повеќе од 75 минути.

Челзи упати дури 19 удари кон противничкиот гол, домаќините два пати ја погодија и пречката и тоа во ист напад во 90 минута, но не успеаа да ја затресат мрежата на домаќините. На крајот, Арсенал за прв пат по 10 години се радуваа на „Стемфорд Бриџ“ во меч од домашното првенство, а дури по пауза од 17 години, Топчиите успеаа да ги победат двата меча против лондонскиот ривал во Премиер лигата.

Со оваа победа Арсенал ја задржа теоретската шанса за пласман во Лигата на Европа, додека Челзи си ја закомпликува ситуацијата за задржување на четвртото место на табелата, но тимот на Томас Тухел уште сами може да си решаваат за пласманот во Лигата на шампиони за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести