Арсенал вечер ќе оди на терапија од неуспеси против тим од кого никогаш не загубил во Лондон

Арсенал е во голема криза, но има шанса да се рехабилитира со победа, вечерва против тимот од кого никогаш не загубил дома во меч во Премиер лигата.

Билансот на популарните Топчии против Саутхемптон во Лондон е импресивен и изнесува 15 победи, шест нерешени и ниту еден пораз, од кога постои Премиер лигата.

Тоа е и најдобрата и најдолгата активна серија што Арсенал ја има против било било противник со кого играл во англиското првенство.

Според позицијата на табелата и моментната форма Арсенал би требало да биде аутсајдер бидејќи е во серија од пет меча без победа и е на 15-тото место на табелата.

Гостите се на четвртото место со 23 бода и можат вечерва на „Емирејтс“ да урнат многу непријатна традиција и за првпат да го победат Арсенал на гости и да забележат хет-трик победи во англиското првенство.

Мечот се игра од 19 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести