На „Олд Трафорд“ ќе падне чудото од Казахстан

Ајнтрахт Франкфурт – Арсенал (Лига на Европа, 18.55 часот)

Ова е дуел на две екипи кои негуваат офанзивен фудбал, па на „Комерцбанк арената“ може да се очекуваат голови. Ајнтрахт го продаде комплетниот напад во летниот преоден рок, а си заминаа Јовиќ, Халер и Ребиќ, па сега со нови сили во офанзивата ќе се атакува на три фронта во новата сезона.

Дојдоа Баст Дост, Андре Силва и Гонкало Пасиенсија, сите тројца со португалски шарм. Силва и Пасиенсија се Португалци, а Холанѓанецот Дост играше за Спортинг, па веројатно полесно и побрзо ќе се вклопат во системот на игра на Ајнтрахт.

Вечерва против Арсенал веројатно нема да играат Роде и Де Гузман, што ќе биде хендикеп за Орлите. Арсенал доаѓа во Франкфурт по шокантниот финиш со Ватфорд, кога си дозволија да примат два гола во второто полувреме и од 2:0 на крајот да освојат само бод со реми 2:2.

Арсенал има потенцијал и поквалитетен состав од Ајнтрахт, но сè уште нешто не е како што треба кај Топчиите. На Пепе и на Себалјос им треба време да се воиграат со остатокот од тимот, а повторно проблематична е одбраната. И двете екипи се во некаква фаза на трансформација на тимовите, па очекуваме да има голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.05)

 

ПСВ Ајндховен – Спортинг (Лига на Европа, 18.55 часот)

ПСВ Ајндховен е екипата што лани со реми против Интер во Милано му овозможи на Тотенхем за влакно да ја мине групната фаза и потоа да игра финале со Ливерпул.

Холандскиот тим годинава ќе игра во Лигата на Европа, а квалификациите ги мина без примен гол на четири меча со убедлива гол-разлика од 8:0 против Хаугесунд и Аполон.

Одлично за нив е што го задржаа 21-годишниот фудбалски бисер Стивен Бергвајн, кој е рангиран во топ-10 таленти во Европа.

Детската градинка на ПСВ, како што велат во Холандија, сега е дополнета со уште еден голем талент, Дониел Мален, кој постигна пет гола во минатиот викенд во победата од 5:0 против Витесе.

Во Ајндховен пристигна и Митроглу, кој има големо искуство, па ПСВ има многу солиден состав.

За Спортинг вечерва нема да игра нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој сè уште е во процес на рехабилитација. И Кабрал е повреден, а одбраната на Лавовите од Лисабон е многу порозна и прими гол на сите пет меча во португалското првенство. Напаѓачите на Спортинг играат солидно, постигнуваат гол(ови) на секој меч во новата сезона, па се очекува и во Ајндховен вечерва да постигнат, но и да примат гол (ови).

Предлог тип: ГГ (1.72)

 

Партизан – АЗ Алкмар (Лига на Европа, 21 часот)

Партизан и АЗ Алкмар се познаваат одлично и пред четири сезони беа во иста група во Лигата на Европа. Партизан забележа две победи, во Алкмар со 2:1 и во Белград со 3:2, но на крајот на српскиот претставник му фалеше еден бод за да оди понатаму во конкуренција уште и на Аугсбург и на Атлетик Билбао.

И сега групата Л во Лигата на Европа е незгодна со еден голем фаворит Манчестер јунајтед и три речиси израмнети екипи, Партизан, АЗ Алкмар и Астана, кои според прогнозите, ќе бијат битка за второто место, што води во следната фаза.

Партизан има искуство со настапите во европските купови, Црно-белите прегрмеа многу искушенија и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, а тука некаде е и АЗ Алкмар.

Двете екипи во последен момент се изборија за групната фаза во ЛЕ, Партизан со гол против Молде, а АЗ со победа во продолженија против Антверпен, што дополнително им дава крилја да се обидат да ја надмудрат конкуренцијата и да презимат во Европа.

Партизан игра добро против холандски екипи, некако им лежи офанзивниот стил на игра на Лалињата и очекуваме во меч со голови да не загуби на премиерата од фазата по групи во Лигата на Европа.

Предлог тип: 1Х&2-4 гола (2.50)

 

Манчестер јунајтед – Астана (Лига на Европа, 21 часот)

Фудбалското чудо од Нур-Султан постои само 10 години, а веќе четврти пат ќе игра во фаза по групи во Лигата на Европа . Астана има и еден настап во Лигата на шампионите, што покажува за каков експресен пробив во европскиот фудбал се работи во случајот со казахстанскиот тим.

Во тој проект едно име посебно се издвојуваше, а се работи за бугарскиот тренер Станимир Стоилов, со кого како кормилар Астана редеше чуда и е постојан учесник во еврокуповите.

Стоилов веќе не е тренер на Астана, го наследи Украинецот Роман Григорчук, но амбициите останаа да се игра во фаза по групи постојано, без разлика дали се работи за ЛШ или ЛЕ.

Астана успеа и во оваа сезона, а премиерниот меч со Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ е награда за Ериќ, Муртезаев, Шомко, Рукавина, Томасов и останатите играчи на казахстанскиот шампион.

Амбициите на Манчестер јунајтед се познати и сè освен прво место во групата не би било оценето за успех, со оглед на реномето, квалитетот и буџетот на екипите во групата Л.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.40)

 

Вулверхемптон – Брага (Лига на Европа, 21 часот)

Интересна најава има мечот меѓу Вулверхемптон и Брага. Ова ќе биде португалско дерби во ЛЕ, меѓу англиската екипа, која има дури шестмина Португалци во тимот и тренер од истата земја, и Брага, која е третиот претставник на Португалија во второто по квалитет европско натпреварување.

И двете екипи се амбициозни, имаат одлични состави, но и мизерен старт во домашните првенства. Ланскиот хит во Англија е претпоследен на табелата по шест кола и сè уште е без победа, а и Брага почна скромно во Примеира во Португалија и има само 4 бода по пет кола.

Сега дуелот во Лигата на Европа ќе им дојде како мелем на раните во домашните првенства, а се очекува и двајцата тренери да ги одморат главните ведети, бидејќи ги очекуваат мечеви викендов во Премиер лигата и во португалското првенство, каде што треба да се фаќа приклучок.

Најавите се дека резервите ќе добијат шанса, барем дел од нив и кај Волците и кај гостите, што е мотив да се докажат. Ќе типуваме голови на двете страни бидејќи и двете екипи примаат во просек два или повеќе голови на почетокот на сезоната.

Предлог тип: ГГ (2.15)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести