4.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Артета е оптимист пред дербито со Тотенхем: „Ние сме таму каде што сакаме да бидеме“

Арсенал е во резултатска криза, но се уште е лидер во Премиер лигата. „Топчиите“ одиграа нерешено на последните две гостувања, против Брентфорд и Вулверхемптон, а против „фенерџијата“ испуштија и два гола предност.

На последните седум првенствени натпревари, Арсенал победи само двапати, па од можните 21 бод освои само 10 бода.

„Реакциите во медиумите беа премногу крајни. Секој има право на мислење и секој верува дека тоа е исправно. Интересно ќе беше ако секој напишеше прогноза како ќе се одвива сезоната пред нејзиниот почеток, за да видиме колку тие очекувања се остваруваат. Ние сме токму таму каде што сакаме да бидеме – во борба за секој трофеј, па за нас е важно да останеме мирни, со отворени очи и уши и да го направиме потребното за играчите да го дадат својот максимум.“ – рече тренерот на Арсенал, Микел Артета, во пресрет на градското дерби против Тотенхем во недела.

- Оглас -

Најнови вести