Артета подготвен да пазари во Шпанија: Понудите за Барди и Парти се на маса

Арсенал ќе се подновува во Шпанија штом се отвори летниот трансфер-прозорец, прво што ќе направи Микел Артета е да чукне на вратата на Леванте. Шпанскиот стратег подготви 20 милиони евра за Енис Барди, по блескавите партии кои ги пружи нашиот репрезентативец за екипата од Валенсија.

Барди има клаузула од 50 милиони евра според договорот кој го потпиша во октомври 2018 година, па ќе се види дали понудата од Арсенал е доволна за Леванте да му дозволи на Македонецот да го оствари трансферот на кариерата и да заигра во Премиер лигата.

Уште едно засилување за средниот ред треба да биде Томас Парти од Атлетико Мадрид, со кого Топчиите се поврзуваат извесно време. За услугите на Парти ќе биде активирана клаузулата од 50 милиони евра.

Со Барди и Парти, Арсенал ќе добие нов изглед, воедно тие двајца треба да ги решат проблемите на клубот од Лондон во средината.

- Оглас -

Најнови вести