Асенсио е влезен во лавиринт од кој нема уште многу време да излезе

Шпанското крило Марко Асенсио во минатата сезона беше трет стрелец во Реал Мадрид и веројатно не помислуваше дека летово може да му се случи ова што го преживува периодов.

На мечевите со Ајнтрахт и Алмерија не влезе во игра, а смета дека раководството на клубот така му наредило на Карло Анчелоти. Договорот на Асенсио со Реал е до следното лето. Клубот му нудеше иста плата, но Асенсио одбиваше да потпише нов договор и сега му се заканува опасност цела сезона да биде на трибини и да не игра на Светско првенство.

Новиот менаџер на Асенсио му нема најдено нов клуб, никој не сака да му плати колку што бара, па сега Марко е заглавен во лавиринт од кој може да излезе само ако во следните две недели си ги намали барањата.

- Оглас -

Најнови вести