Асенсио многу се налути, Анчелоти порача: Ќе имам на ум дека е лут (Видео)

Реал Мадрид е единствениот тим во Топ 5 лигите што има перфектен биланс во шампионатот. Кралскиот клуб е со пет победи од пет меча, а последен триумф во низата е тој над Мајорка со 4:1.

Освен по убавите погодоци што беа постигнати на „Сантијаго Бернабеу“, дуелот ќе се памти и по Марко Асенсио кој покажа голем револт затоа што не игра. Асенсио беше испратен да се загрева во текот на второто полувреме, но тренерот Карло Анчелоти во игра од клупата ги внесе Начо, Модриќ, Камавинга и Карвахал, а Асенсио остана резерва до крајот.

Кога се врати да седне на клупата за резерви, Асенсио луто почна да вика и да ги шутира шишињата кои беа покрај него. Неговата реакција може да ја видите ТУКА.

„Асенсио е лут затоа што не игра? Се сложувам со него, ќе го имам тоа на ум“, рече тренерот Анчелоти по мечот.

Од почетокот на сезоната, Асенио има одиграно само 17 минути во два меча за Реал, што му го загрозува неговиот настап на Светското првенство во Катар кое почнува за два месеци.

- Оглас -

Најнови вести