Ашер-Смит се симна под 22 секунди и освои злато на 200 метри

Дина Ашер-Смит е нова светска шампионка на 200 метри, а Британката е единствената што во финалето истрча под 22 секунди.

Со време од 21.88, Дина прва ја мина целта со национален рекорд, а среброто е за Британи Браун од САД со личен рекорд од 22 секунди и 22 стотинки.

Бронзата е за натурализираната Швајцарка Муџинга Камбунџи, која истрча за 22.51 и за осум стотинки беше побрза од четвртопласираната Американка Англерн Анелус и нејзината сонародничка Дезереа Брајант, која мина низ целта со резултат од 22.63.

- Оглас -

Најнови вести