Ашковски во стилот на Мбапе: Претрча 70 метри и ефектно ја стресе Стеауа (видео)

Македонскиот интернационалец Стефан Ашковски во поразот од 2-1 на неговиот Ботошани на гостувањето кај Стеауа покажа колку е експлозивен и прецизен.

Во стилот на Килијан Мбапе, Ашковски претрча 70 метри со топката и во соло акција погоди за 1-0 во корист на гостите во 38-мата минута. За него тоа беше втор гол сезонава, врзувајќи два меча по ред на кои е стрелец – претходно погоди во ремито од 1-1 против Волунтари.

За жал, Ботошани не издржа во второто полувреме и загуби по пресвртот кој го остварија Попеску и Пантиру.

https://www.youtube.com/watch?v=853Hpyp8ADU

- Оглас -

Најнови вести