Аспас носи спас за Селта, Балаидос чека хет-трик против Жирона

Селта Виго – Жирона (сабота, 13 часот)

Селта игра подобро во финишот на сезоната, а ова е многу важен меч за двете екипи во битката за опстанок. Во Виго, Селта забележа две победи по ред, се разигра капитенот Јаго Аспас и верувам дека одличниот напаѓач ќе ги предводи домаќините до хет-трик на Балаидос.

Жирона е во лоша форма, падна многу на табелата во Ла Лига, а нанижа и четири порази по ред, па очекувам и петти во серија.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

Болоња – Сампдорија (сабота, 15 часот)

Болоња брка опстанок и верувам во кец. Синиша Михајловиќ прави добра работа со Болоња и мислам дека ќе успее да  го спаси тимот од испаѓање.

Сампдорија сè уште има шанси да атакува на позиција која води во квалификациите за Лигата на Европа, но сега ќе игра на еден од терените каде што има лош биланс.

Тимот од Џенова нема победено на „Ренато дел Ара“ во меч од Серија A од 2003 година. Болоња доминира во меѓусебните дуели на свој терен со Сампа и има серија од 9 меча без пораз, од кои четири се победи. Очекувам да стигнат и до десетката со петта победа на свој терен.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

Баерн Минхен – Вердер (сабота, 15.30 часот)    

Лидерот мора да победува за да ја одбрани титулата и верувам дека ќе гледаме ефикасен меч со позитивен исход за шампионот на Германија.

Мора да се почитува неверојатната серија на Вердер без пораз во 2019 година, но сепак во прашање е титулата, а Баерн не смее да дозволи кикс, особено не на домашен терен. Патем, тимот од Бремен има и некаков комплекс од Баварците, а последен пат го победија Баерн во 2008 година. Оттогаш трае серијата од 23 меча без пораз на актуелниот шампион во меѓусебните дуели со Вердер. Значи победа на Баерн најмалку со три гола на натпреварот.

Предлог тип: 1&3+ (1.32)

 

Легија – Краковија (сабота, 20.30 часот)

Александар Вуковиќ ја прероди Легија и верувам во одбрана на титулата. Тренерот на Легија и мој поранешен соиграч во овој тим им го врати статусот на првотимци на неколку фудбалери кои беа во немилост кај Са Пинто и тоа веднаш вроди со плод.

Легија е во мртва трка со Лехија Гдањск за титулата, двете екипи имаат по 60 бодови и победите им се императив. Краковија е солидна екипа, славеше со 2-0 на последното гостување во Варшава кај Легија, но сега нема шанси.

Ќе типувам победа на мојот поранешен тим.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

Арсенал – Кристал -палас (недела, 17 часот)

Арсенал мора да победува доколку сака да фати место меѓу првите четири екипи кои ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона. „Топчиите“ имаат шанса и преку Лигата на Европа и ако ја освојат, да обезбедат настап во ЛШ, но не смеат да ризикуваат.

И традицијата е на нивна страна, а имаат пет победи во шест премиерлигашки дуели со ривалот од Лондон на домашен терен. Кристал палас е растоварен и не верувам дека може да изненади.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (1.80)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести