Шкендија и Валмиера ќе играат за гол повеќе, 3+ е реална опција за реваншот

6725 Астана – Раков (Квалификации, Конференциска лига, 17 часот)

Двомечот стана многу интересен по преписката на двата клуба на социјалните мрежи, а победник е полскиот тим, кој ја декласира Астана со 5:0 на првиот меч.

Казахстанците се шегуваа со клубот од Честохова со објавена фотографија од нивниот тим како игра во фаза по групи во Лигата на шампионите и со прашање до ривалот: А, вие каде сте?

Одговорот беше жесток и на теренот, а Раков ја наполни мрежата на најпознатиот тим од Казахстан со пет гола, сите постигнати во второто полувреме.

По победата, домаќините „ликуваа“ и го објавиа резултатот од 5:0 како одговор за Астана.

Двомечот е решен, чудо не може да се случи, па се очекува ревијален меч, повторно со многу голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.30)

 

6730 Елфсборг – Молде (Квалификации, Конференциска лига, 18.45 часот)

Елфсборг е во лоша форма и има серија од пет меча без победа и висок пораз од Молде од 1:4 на првиот меч.

Норвешкиот тим има импресивна серија од 16 натпревари на кои никој не успеа да го победи, па последниот пораз му е во мај годинава од Викинг.

На првиот меч губеа до 50-тата минута, а потоа за половина час ја наполнија мрежата на шведскиот тим.

Елфсборг нема што да брани и ако сака подвиг, мора да напаѓа и да победи најмалку со 3 гола разлика, а Молде има брзи офанзивци што знаат да користат простор, па типуваме дека пак ќе има многу голови.

Предлог тип: 1+I&2+II (2.22)

 

6735 Ѓургарден – Риека (Квалификации, Конференциска лига, 19 часот)

Како што игра Ѓургарден, во моментов хрватскиот тим речиси и да нема шанси за пласман понатаму.

Швеѓаните немаат пораз 8 кола по ред, од нив 7 се победи и само едно реми, а стигнаа и да бидат лидери во домашното првенство.

Риека направи доста измени, од клубот си заминаа неколку одлични играчи, како Јосип Дрмиќ, нашиот репрезентативец Дарко Велковски… и за тоа го платија данокот со пораз на првиот меч.

Риека дава и прима многу голови, така беше и во ланската сезона, а и на првиот меч што Ѓургарден го доби со 2:1, па типуваме дека пак ќе се тресат двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.80)

 

1605 Макаби Т.А. – Зира (Квалификации, Конференциска лига, 19.30 часот)

Макаби Тел Авив е веќе во следната рунда во квалификациите за Конференциската лига по победата од 3:0 на првиот меч против тимот од Азербејџан.

Израелскиот тим е и со многу поголем рејтинг во светот на фудбалот и поквалитетен од ривалот, па реално би било пак да победи и во реваншот, и тоа убедливо.

Зира беше инфериорна на првиот меч на домашен терен и ако играчите на Макаби бидат сериозни и со пристап како на првиот меч, повторно можат да му ја наполнат мрежата на тимот од Азербејџан.

Предлог тип: 1&3+ (2.05) Супер тип на Sport Life

 

6769 Шкендија – Валмиера (Квалификации, Конференциска лига, 20 часот)

Шкендија се прикажа во одлично издание на првиот меч и требаше да победи со повеќе од еден гол-разлика.

Тетовци можеа да ги решат сите дилеми околу патникот за следната рунда, а тоа го признаа и Летонците со потврда дека беа надиграни и дека добро минаа.

Сепак, Валмиера мора сериозно да се сфати и за реваншот вечерва од 20 часот бидејќи во тимот има доста интернационалци и тие се лидери во летонското првенство.

Шкендија е поквалитетен тим, а се очекува офанзивен фудбал и повторно да има најмалку три гола, како на првиот меч кога македонскиот претставник славеше со 2:1.

Предлог тип: 3+ (1.85)

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести