Астон вила му нанесе пораз на Ливерпул каков што не претрпел четири години

Астон вила немаше проблеми со резервниот состав на Ливерпул и со убедливиот триумф од 5-0 се пласираше во полуфиналето од англискиот Лига куп.  Избраниците на Дин Смит на искуство ја добија оваа средба, а воедно му нанесоа пораз на европскиот првак каков што не претрпел од мај 2015 година.

Астон вила е првиот тим по Стоук кој успеал да ја затресе мрежата на Ливерпул четирипати во првото полувреме. Дебаклот започна од Хурихејн во 14-тата минута, двапати стрелаше Коџа, а младиот Бојс си заби автогол во сениорското деби. Во судиското надополнување Весли ги постави конечните 5-0.

Астон вила е првиот полуфиналист во Лига купот, а за утре се предвидени средбите Евертон – Лестер, Оксфорд – Манчестер сити и Манчестер јунајтед – Колчестер.

 

- Оглас -

Најнови вести