Аталанта, Галатасарај и Спартак се „сигурни“ фиксови за денеска

Во топ 5 лигите во Европа денеска се играат само три меча, од кои два во Италија. Во нашите предлози, заедно со трите квоти на денот на обложувалниците Sport Life, во нудиме мини-анализи.

 

Аталанта – Удинезе (19.00 часот)

Домашните се борат за место во Лигата на шампионите и не би требало да ја испуштат оваа прилика да слават, и со новите три бода да се најдат на четврто место. Тимот од Бергамо е во добра форма, на последните 10 меча има шест победи и четири нерешени. Удинезе е загрозен, има само четири бода повеќе од Емполи кој е во зоната на испаѓање. Последните осум меѓусебни дуели на овие екипи биле со голови на двете страни.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.15)

 

Фиорентина – Сасуоло (21.00 часот)

Овој меч нема големо натпреварувачко значење. Тимовите се во златната средина, далеку се од зоните за излез во Европа и испаѓање. Фиорентина на свој терен нема победа во меч од Серија А уште од 16 декември, и мотивот на „виолетовите“ е конечно првпат во 2019 година да ги израдуваат своите фанови. Сасуоло е мајстор за играње нерешено, па можеби и четврти пат едноподруго ќе освои бод.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.25)

 

Бетис – Еспањол (21.00 часот)

И тука нема некој голем резултатски притисок и императив, тимовите не се борат за ништо. Бетис има два порази по ред, па добро би им дошла победа. Дуелите на Бетис обично се ефикасни и најчесто има победник, а Еспањол пет кола по ред е без пораз, па затоа овојпат и ремито не е исклучено како опција.

Предлог тип: 1Х & 0-1 прво (2.15)

 

Коњаспор – Галатасарај (19.00 часот)

Галатасарај ако го добие ова гостување кај тимот на македонските интернационалци Јаховиќ и Жута, ќе се изедначи со Башакшехир на чело на табелата, и ќе биде на пол-позиција за освојување на титулата, иако само три бода подолу е разиграниот Бешикташ. Коњаспор не е лоша на свој терен, но формата в последно време им е во надолна линија. Немаат победа уште од крајот на јануари, па би било изненадување ако му земат бодови на истанбулскиот тим.

Предлог тип: 2 (1.67)

 

Спартак Москва – Рубин Казан (18.30 часот)

Од 2 март наваму, Рубин има одиграно осум меча и ниту една победа, па затоа сега се тресе околу опстанокот во руската Премиерлига. На Спартак бодовите му требаат за излез на европска сцена. Традицијата е на страна на московјани, тие дома редовно го победуваат Рубин, но секогаш со многу мака и еден гол разлика (1-0 или 2-1).

Предлог тип: 1 (1.70)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести