Атлетико Мадрид пријави заразен со Коронавирусот, но започнува со тренинзи

Голем дел од екипите во шпанската Примера дивисион започнаа со тестирање на фудбалерите на Коронавирусот, а дел од клубовите започнаа и со тренинзи. Меѓу бројните тестирани играчи, се откри и првиот позитивен случај. Ренан Лори од Атлетико Мадрид изјави дека не бил шокиран дека е заразен од опасниот вирус, затоа што во изминатите неколку дена ги чувствувал симптомите на Коронавирусот.

За среќа, Лоди не бил во контакт со ниту еден друг фудбалер на Атлетико Мадрид, па затоа од таборот на Јорганџиите најавија дека се подготвени да го активираат тренажниот процес. Според проценките, се очекува по тестирањето на сите кои се дел од Примера дивисион, да има околу 30-тина позитивни на Коронавирусот, но тоа нема да го попречи планот за враќање на фудбалските терени.

Оние играчи кои ќе бидат заразени, веднаш ќе бидат испратени во самоизолација, каде ќе треба да поминат 14 дена, а потоа ќе им се направи уште еден тест, кој ако е негативен ќе значи и нивно враќање во екипата.

- Оглас -

Најнови вести