Атлетико Мадрид со седмо реми во 14 кола

Гранада го запре Атлетико Мадрид на 1-1, и на „јорганџиите“ им скрати два бода во битката за титулата. Стрелец на голот за Атлетико беше Ренан Лоди, кој го постигна дебитантскиот гол во дресот на мадридскиот клуб. Гранада израмни со гол на Герман Санчез.

Тимот од Андалузија е најопасен по прекини, има 10 гола, има 6 гола со глава, и пет после изведен корнер. Атлетико во 14 кола има дури седум ремија, на четири гостувања по ред освојува бод, и со такви резултати, тешко дека ќе може да се надева на титула. Но, и во минатата сезона Атлетико имаше 25 бода после 14 кола, исто како и сега. Јан Облак првпат откако е на голот на Атлетико, прима гол на пет меча по ред во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести