Атлетико Мадрид спаси глава против Реал Сосиедад и останува во пол позиција за шампионската титула

Атлетико Мадрид го победи Реал Сосиедад со 2:1 во драматичен меч на „Ванда Метрополитано“, во 36. коло од Примера дивисион. Домаќините водеа со 2:0 по неполни 30 минути игра благодарение на головите на Караско и Кореа, но тоа не значеше дека средбата е брзо решена.

Сосиедад кој се бори за место во Лигата на Европа, заигра многу поофанзивно во второто полувреме, гостите напаѓаа, а погодија преку Зубелдиа во 83 минута. Претходно гостите ја погодија и стативата, а Јан Обрак одбрани и неколку тешки удари за да спречи Сосиедад да даде втор погодок.

На крајот, Атлетико ги освои планираните три бода со кои се зацврсти на врвот на табелата во Примера со 80 бодовои, четири повеќе од Барселона, додека Реал Мадрид има 75 бодови и меч плус за доиграување, тој против Гранада на гости.

Јорганџиите до крајот на првенството имаат уште два меча кои ако ги добијат, со сигурност ќе ја освојат титулата. Во следното коло Атлетико повторно игра на свој терен и тоа против Осасуна.

 

- Оглас -

Најнови вести