Атлетико му „залепи“ клаузула од 50 милиони евра на „новиот“ Фернандо Торес

Реал и Атлетико Мадрид го прекршија долгогодишниот пакт околу ангажман на млади фудбалери, откако Кралевите го украдоа талентираниот тинејџер Хесус Фортеја од градскиот ривал.

Поради тоа, Јорганџиите направија клучен потег и му понудија професионален договор на 16-годишниот надежен голгетер, Пако Естебан, кој исто така се најде на радарот на актуелниот европски првак.

Естебан е споредуван со клупската легенда Фернандо Торес, се тврди дека ќе биде идната голема ѕвезда на шпанскиот фудбал, па затоа Атлетико во договорот му вметна огромна клаузула од 50 милиони евра.

Клаузулата ќе се зголеми за двојно од моментот кога Естебан ќе биде прекомандуван во првиот тим на Диего Симеоне, а нема да биде изненадување доколку тоа се случи во блиска иднина.

- Оглас -

Најнови вести