Атлетико поефикасен без Диего Коста отколку со него

Атлетико Мадрид одлично се снаоѓа без Диего Коста во составот. Повредата на напаѓачот беше најавувана како голем проблем, но во пракса не е така. Диего треба да се врати кон крајот на февруари за двобојот со Јувентус во Лигата на шампионите, но засега неговото отсуство не се чувствува.

Бројките кажуваат дека „јорганџиите“ даваат повеќе голови во мечевите на кои натурализираниот Шпанец не е во составот на Диего Симеоне. Оваа сезона, Атлетико има постигнато 42 гола, а од нив 22 се на средби на кои не играл Коста. Откако беше опериран Коста, Атлетико одигра четири меча и даде 10 гола, од кои три се на неговата замена Никола Калиниќ, а толку даде и Антоан Гриезман.

Во шпанското првенство, Атлетико има по 12 гола с, и без Коста. Тој во Ла Лига има само еден гол, и тоа во дербито против Барселона, а еден даде и во ЛШ, против Монако.

- Оглас -

Најнови вести