Атмосферата во африканското финале од ЛШ е нешто што во Европа го нема (Видео)

Видад Казабланка со 2:0 го победи Ал-Ахли во финалето од Лигата на шампионите во Африка, во меч кој беше вистинска „фешта“ на стадионот во Казабланка.

Видад имаше неверојатна поддршка од трибините и тоа го искористија со два гола во раната фаза од двете полувремиња.

https://twitter.com/i/status/1531370099449417729

На стадионот на кој имаше 45.000 гледачи беше направена одлична атмосфера која ретко се гледа на стадионите во Европа.

Навивачите на Видад важат за едни од најдобрите, а тоа го потврдија и овојпат.

https://twitter.com/i/status/1531337649742663681

На крајот имаа дополнителен мотив за славење затоа што нивниот омилен тим по трет пат во историјата стигна до највредниот клупски трофеј во Африка.

- Оглас -

Најнови вести